ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип: Заев не претвори во Вухан на Балканот

Од Центарот за комуникација при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип денес до редакцијата на mnet.mk пристигна демант во однос на прес конференцијa од страна на ОО СДСМ Штип.

Проследете го демантот во интегрална форма:

Колку е неспособна оваа власт гледаме во текот на целиот мандат. На секое поле бележиме пад, како резултат на лошите политики, а пак танцот на Заев со Корона вирусот не’ претвори во Вухан на Балканот. Катастрофалните политики во секоја општина направи жаришта на болеста, при што секојдневно слушаме за стотици заболени и се’ поголем број на мртви. Затоа, власта наместо да ја критикува опозицијата, требаше да се зафати со заштита на населението. Меѓутоа, за тоа веќе нема време, оти на изборите што следат, ќе доживеат таков пораз што ќе им овозможи наредните години да ги посветат на размислување каде згрешиле.