
Од направените 665 тестирања од КОВИД 19, во последните 24 часа, регистрирани се 90 нови случаи на новозаболени и 9 починати, ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Меѓу новозаболените, 8 се од Штип. Што се однесува до оздравени од корона вирусот, 30 од вкупно 48 пациенти се од Штип.
Во однос на хоспитализираните лица, бројката е 379, од кои во Клиничка болница Штип, 20 пациенти. Министерот Венко Филипче изјави дека болниците имаат доволно капацитети да примаат новозаболени случаи, а меѓу останатите болници, во Штип има 12 слободни болнички кревети.
До денес, вкупно заболени со вирусот се 5196, оздравени 1974, починати 247 и 2975 е бројката на активни случаи.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / Мнет