
Амбициозниот третолигаш Слога од Виница се засили со офанзивецот и повратник во клубот Октај Амедов кој во тимот предводен од Крсте Крстев доаѓа од екипата на Каменица Саса.
Амедов е офанзивец кој потекнува од младинска школа на Слога Виница, а во својата кариера покрај за Саса и Слога има настапувано и за Брегалница од Штип.
Во пролетниот дел Слога Виница влегува во борба за првото место кое води во баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет