
За пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига екипата на Беласица се засили со Лука Војнески и Борјан Попоски, млади надежни играчи кои потекнуваат од школата на Работнички.
Војнески е роден 2004 година и е играч од одбраната, игра на позицијата лев бек но може да игра и како лево крило, а во Беласица доаѓа од екипата на Вардар, а претходно има настапувано и во Хрватска за Опатија.
Попоски исто така е роден 2004 година, тој е играч од одбраната, игра на десната бековска позиција но може да игра и како стопер а доаѓа од екипата на Скопје.
Александар Ванев, М-Нет