
До 11 октомври се очекува да пристигнат вакцините против овчата сипаница, по што ќе започне вакцинацијата на животните во Македонија. Министерот за земјоделие, Борче Серафимовски, вели дека бројот на заразени животни се намалува, а состојбата внимателно се следи. Тој рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство врши контроли на терен и изготвуваат записници за заболените и угинатите животни. Врз основа на документацијата, сточарите ќе можат да остварат финансиска поддршка и да не ги изгубат правата на директни плаќања.
,,Знамеме дека проблемот со овчата сипаница е актуелен, но морам да кажам дека бројката на заразени животни се намалува и веќе доагаме до посакуваните вкацини и решенијата кои не се потребно, односно вакцинацијата. Процедурите кои што ги спорведуваат од страна на АХВ одонсо инспекторите излегуваат на терен и констатираат кога имаме заболени животни и кога имаме угинување на животни се подготвува записник. Со овој записник истите ќе имаат можност да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка и нормално сите процедури кои што се пторебни ќе бидат спроведени за истите сточари да не ги изгубат мерките, односно дирекните плаќања кои што се предвидени. Будни ја следиме состојбата, секогаш имаме разговор со сточарите.“, вели Серафимов
Како што тој потенцираше, според планираното вакцините треба да пристигнат до 11 октомври и веднаш потоа да се пристпаи кон следниот план односно вакцинација на овците.
,,Веќе со вкацините кои што ги најавивме и кои што треба да ги добиеме од ЕУ, ќе ги добиеме во наредните денови околу 10,11 и потоа ќе биде спроведено вакцинирањето на животните.“, додава Серафимов
Надлежните институции велат дека будно ја следат состојбата на терен, а преку спроведувањето на предвидените процедури ќе се овозможи и соодветна финансиска поддршка за сточарите кои се соочуваат со загуби.
Иван Митев, М-Нет