
На 2 мај започнува уписот на првачиња во ООУ „Тошо Арсов“ во Штип. Во прво одделение од основното образование може да се запишат деца кои до крајот на календарската година, односно до 31 декември 2023 година ќе наполнат шест години, како и деца кои шест години ќе наполнат до 31 јануари 2024 година, а по барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот. Ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште, здравствената установа може да го одложи запишувањето за една година.
Потребни документи за упис се фотокопија од Извод од матична книга на родените, Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, како и Потврда од стоматолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа. При запишувањето на дете со попреченост потребно е да се достави мислење односно функционален профил од Комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна и здравствена поддршка.
Запишувањето на децата во прво одделение ќе трае до 31 мај и ќе се спроведува во периодот од 08:00 до 14:30 часот во просториите на училиштето.
Ребека Спасова М-Нет