Кочни за првпат собра голем број пеачи на едно место, реализирана „Фолк вечер на популарноста“

Кочани вчеравечер беше домаќин на правата фолк вечер во регионот. На едно место собра поголем дел од фолк македонската естрада, гости од Кочани, регионот, но и цела држава, оставајќи зад себе вечер која ќе се памети и за која ќе се зборува. Организаторот на настанот посочи дека трудот и упорноста се испалтени, бидејќи настанот помина во најдобаро светло. Додаде дека ова се случува за првпат, но со тенденција да биде традиција која ќе се негува секоја година во Кочани во месец април.

„Ова се оддржува за првпат во историјата на македонската фолк естрада и токму овде во Кочани. Поканети се поголемиот дел од македонските музички имиња, а посебна чест ќе му се оддаде на прерано починатиот доајен на македонската фолк музика маестро Милан Здравков. Самата организација бара време, тимска работа, таа да успеавме во нашата главна преокупација, го организиравме овој настан и се надевам дека им се допадна на сите“ – вели Митев.

Дружба пред наградите, за пеачите најголема награда е публиката вели Анета Мицевска Молика. Посочува дека во Кочани е често, но настани како вчерашниот треба почесто да се организираат бидејќи на таков начин дружбата е загарантирана, а ужива и публиката.

„Секаде кажувам дека пред сѐ ми е драго што на ваквите настани се дружиме. Се дружевме порано кога имаше фестивали, но фестивалите полека згаснуваат и ми е ќеф по битолски да кажам дека ќе бидеме сите заедно тука собрани пред сѐ да се дружиме. Наградите не се во прв план, признанијата. За нас пеачите најголема награда е публиката, ова што ќе се видиме вечерва“ – вели Мицевска.

Освен музика на вчерашната Фолк вечер на популарноста се поделија и награди како и признанија за пеачите кои беа собрани на едно место, и за публиката приредија настан кој долго ќе се памети.

Лаура Стојанова М-Нет