
По подолго време од утре стартува повторно со работа бунарот за топла вода од системот „Геотерма“ во Кочани. По преземаните активности од страна на КЈП„Водовод“ Кочани, во текот на вчерашниот ден, денот на Планетата, пуштена е наменска потопна пумпа со јачина од 77 киловати, со што од утре официјално ќе започне со функција пумпата, како и бунарот за топла вода со лежиште во Подлог.
„По неколку години во истиот бунар Д1 епуштена пумпа со капацитет од 60 литри во секунда каде што ќе обезбедиме доволна количина на геотермална вода претстојната сезона 2021/22 година. Во тој бунар имало една пумпа која што работеле во временски период од две години, и после тоа поради дефект не е во функција. Утре треба да се направат конкретно сите мерења околу напон, околу струја, кабли, испитувања и слично и официјално од утре сметаме дека пумпата можеме да ја пуштиме во функција“ – истакна директорот на КЈП„Водовод“ Кочани, Андреј Киров.
Геотермалните води од системот „Геотерма“ Кочани се загреваат повеќе различни објекти, средни и основни училиште, Основен Суд Кочани, како и полициската станица Кочани.
За набавка на новата пумпа средставата се комплетно финансирани до КЈП„Водовод“ Кочани, и станува збор за сума од околу 5 милиони и 700 илјади денари, која на рати ќе биде исплатена, истакна Киров.
Лаура Стојанова М-Нет