
За претстојниот летен период Штип се подготвува со полна пареа. ЈП„Исар“ покрај воведувањето на нови, невообичаени активности за разубавување, зачувување и подобрување на Градот под Исарот, вложува труд и в секојдневните работи, а целта единствена штипјани да се чувствуваат по пријатно во време на топлите денови. Моментално се работи на расчистување на коритото покрај река Брегалница, и се оспосбува теренот за овде да бидат поставени нови клупи.
„Покрај тоа што го видовте пресадување на дрвја го чистиме коритото на река Брегалница, со единствена цел да не се собира ѓубре, а и да се направи еден убав поглед. Планираме овде да поставиме клупи каде луѓето ќе можат да си седат покрај реката во текот на летниот период“ – истакна директорот на ЈП „Исар“, Здравко Коцев.
Предвидено е да активностите да ја опфатат целата пешачка патека, односно по течението на река Брегалница покрај целата пешачка патека да биде среден просторот и да добие ново уредување. Меѓутоа, се постепено истакна директорот на ЈП„Иср“, т.е. колку дозволуваат условите, како и можностите на вработениот кадар во Паркови и зеленило.
Во меѓувреме, чистењето на улиците, собирањето смет од контејнерите с врши во вечерните часови. И покрај фактот дека на дел од штипјани ова не им се допаѓа, Коцев истакна дека тогаш се најефективни.
Директорот на ЈП„Исар“ исто така посочи дека доколку граѓаните редовно си ги подмируваат сметките, средства за вложување секогаш ќе има.
Лаура Стојанова М-Нет