Од утре во ОИК Штип се поднесуваат барања за гласање на болните, старите и лицата во изолација

Од утре до седми јули во Општинската изборна комисија во Штип барање за предвремено гласање може да достават ополномоштени лица од болните, стари и изнемоштени граѓани кои имаат право да гласаат од дома. Во истиот термин барања за гласање ќе се примаат и од страна на лицата кои заради контакт со заболени од ковид19 се наоѓаат во изолација. Лицата во изолација правото на гласање од дома на 13 јули можат да го остварат со поднесување на решение за изолација од Санитарниот инспекторат, а болните лица треба да достават лекарска потврда дека не се во состојба да гласаат во гласачките места. Општинската изборна комисија во Штип е лоцирана во Локалната самоуправа и работи секој ден и за време на викендот.