
Вчера вечер во 23.40 часот во Полициската станица Штип, Ќ.М.(46) од Штип пријавил дека тој и неговиот брат околу 22.10 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип биле физички нападнати од повеќе лица кои употребиле и тврди предмети, а им ги оштетиле и возилата. Според пријавеното, после тоа лицата влегле во нивните домови каде физички ги нападнале и нивните семејства. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.