
Во претстојнот викенд продолжуваат одбојкарските возбудувања во Супер, машката и женска лига на Македонија. Одбојкарите на УГД Штип ќе бидат домакини на екипата на Јанта Волеј од Скопје и според расположението се очекува победа на штипјани. Одбојкарскиот натпревар УГД Штип – Јанта Волеј ќе се одигра утре,сабота во спортската сала Јордан Мијалков со почеток во 17.00 часот.

Женската екипа на УГД Студент во недела ќе гостува во Скопје на екипата на Јанта Волеј и според најавите се очекува неизвесен меч.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk