Второлигашкиот дерби натпревар Брегалница – Кит Го со женска судиска четворка и директно на Мнет ТВ

Фудбалските второлигаши од групата Исток утре ќе ги одиграат натпреварите од редовното првенствено коло. Ова ќе биде претпоследно коло од есенскиот циклус во кој во Штип ќе се сретнат екипите на Брегалница и на Кит Го Пехчево. Штипските сини со евентуална победа ќе ја заверат есенската второлигашка титула, но не треба да се потцени и квалитетот на играчите на Кит Го кои знаат често пати да ги изненадат и најголемите фаворити. Како што вчера најавивме овој натпревар им е доверен на женска судиска четворка и тоа Ирена Велевачковска, Билјана Миланова, Елена Соклеска – Илиевски и Ивана Пројковска. Продолжува и традицијата зачинета со одличната соработка со ФФМ, така да од натпреварот Брегалница – Кит Го Пехчево ќе емитуваме директен телевисиски пренос на програмата на нашата Мнет ТВ со почеток во 13.00 часот.Еве ги комплетните двојки за ова претпоследно есенско 15 коло:

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 5 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk