Со појавата на корона вирусот и прогласувањето на вонредна и кризна состојба со ограничување на бројот на патници кои што можат да се возат во автобус а тоа е само 50% од капацитетот на седишта. Жителите на општина Македонска Каменица се видно разочарани и е многу реален проблем што има големо влијание на финансиската состојба во семејните буџети тоа што исчезнаа реовните автобуски линии кои идеа од Берово до Скопје. Каменичани прашуваат до кога ќе мора да патуваме со такси и до наајблиските соседни градови а не пак до Штип или Скопје за недај боже здраствена потреба од секундарно и или терциетно здраство што е многу битно за доброто здравје а уште поголем проблем представува во семејствата кои имаат еден или два студента во фамилијата како да обезбедат пари и со што да отидат до својот факултет иако поголемиот дел од образовниот процес се одвива преку интернет има ситуација кога мора лично да се појават таму.
Па мислам дека треба ние овде за превоз за Кочани за Делчево освен такси друго превоз немаме, ретко се тие некој може но не секој да си дозволи да платат такси сами да се возат би требало што е можно побрзо да се воведе за тоа што нема со што да се патува треба еден сам да си плати такси;
Треба да има редовна линија на автобуси за да може да се птиде до Кочани или некој друг град, студентите не можат да си овозможат толку финансии треба малку поефтино да е мислам со автобус;
Автобуски линии ? Да може да се воведе да ги има, некој ќе може да оди ама некои не можат има лали пензии или примања во фамилијата не е сеедно а каде се лековите и другите трошоци;
Екипата на м нет телевизија побара став и од другата страна на проблемот и успеавме да стапиме во контакт со една од компаниите од крајниот исток кој се занимава со автобуски транспорт прашавме зошто нема автобуски линии кои би минувале од Берово, Пехчево Делчево, Македонска Каменица па се до крајна дестинација главниот град Скопје како и што беше во минатото.
За жал поради строгите законски регулативи односно добивањето на линија е скоро невозможно со законите што важат во транспорт и врски, нашата линија е само Пехчево, Виница па до Скопје и назад затоа губиме и ние со патниците посебно сега во периодот на пандемијата со 50% сме обврзани да возиме од капацитетот што економски е воопшто неисплатво издржуваме колку што вработените да не ги отпуштиме од работа се одржуваме колку да си ги покриеме трошоците. Ние би одиле на пример и преку Делчево Каменица ама да имаме законска можност сега немаме во моментот, инаку реално за нас како превозници е катастрофа да се тргне со автобус за 50 патника завчера се отишле за 27/8 човека два троица повеќе моравме да пуштиме минибус бидејќи ако те застане полиција казните се страшни. Како што кажаа од компанијата поради строгите мерки намалениот капацитет на патници кој што може да се превезува за заштита од Ковид – 19 а и економската неисплатливост се само дел од причините што нема редовни автобуски линии а оние кои имаат потреба од патување ќе мора да одвојат повеќе пари за транспортни трошоци единствено со некое такси возило барем уште одредено време.