Одбојкарите на Штип УГД по освојувањето на двете круни на прием кај ректорот Мираковски и градоначалникот Јорданов

Одбојкарите на Штип УГД после огромниот успех со освојувањето на двојната круна денес беа на прием кај ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Дејан Мираковски.

Како што посочи Мираковски, за него ова е голем чест и задоволство што се дел од оваа успешна приказна на одбојкарите, со освојување на Купот и шампионатот и обединување на двете круни за првпат во историјата на клупскиот спорт во Штип.

„Ми претставува огромна денес да ги примиме членовите на ОК Штип УГД, клуб кој годинава се закити со двојна круна. Навистина е чест и задоволство да бидеме дел од таа приказна, Унивезитетот „Гоце Делчев“ со сите ресурси со коишто располага морам да кажам скромни, но сите ресурси со кои располага е на располагање на овој тим. Верувам дека со поддршката и од другите институции во градот завршивме една многу успешна приказна, покажавме дека може дури и со скромни ресурси може да се направи успех“, вели ректорот Мираковски.

Мираковски посочи дека ќе продолжат со сите ресурси со кои располагаат да го поддржуваат спортот.

„Навистина е чест да бидеме дел од оваа успешна приказна и ќе продолжиме со сите ресурси да го поддржуваме спортот, бидејќи спортот е неизоставен дел од животот, да бидеме посветени, упорни и храбри во своето делување, а оваа успешна приказна да мотивира повеќе млади“, дополни Мираковски.

Тренерот на клубот Кристиан Ристески посочи дека им е чест што денес се на прием кај ректорот по големиот успех.

ИЗЈАВА 7D_10844 Кристиан Ристески, тренер на ОК Штип УГД 02:03 (традиционално) до 03:06 (сите заедно)

„Традиционално после секој наш успех ОК Штип УГД сите играчи имаме чест да бидеме на прием кај ректорот, во оваа прилика сакам да искажам благодарност до Универзитетот „Гоце Делчев“, пред се и до ректорот за целата поддршка“, рече Ристески.

Ристески посочи дека се надева соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“ да продолжи и во иднина.

Одбојкарите беа на пример и кај градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, кој во своето обраќање им упати искрени честитки на одбојарките, стручниот штаб и раководството на клубот, нагласувајќи дека станува збор за успех од исклучително значење за градот.

Јорданов најави дека од следната сезона натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Џексон“, кој, како што посочи, ќе прерасне во вистински храм на одбојката, а притоа градоначалникот најави дека општина Штип ќе продолжи со поддршка за спортот.

Александар Ванев, М-Нет