Голем интерес за пингпонгот како спорт во Берово, децата го сакаат овој спорт и активно спортуваат

Во Берово е голем интересот за пингпонгот како спорт, голем број на деца го сакаат овој спорт и активно тренираат и професионално градат кариера. Тренерот и претседател на ППК Зегин од Берово, Јован Ковачевски за М Нет телевизија посочи дека нивниот клуб е млад со околу 30 членови.

Четири деца од беровскиот клуб беа во Штип каде беа на тренинг со децата од ППК Шампион ФА од Штип. Зегин е шампион во конкуренција до 11 години, 13 и 15 години.

Клубот од Берово брои голем број на деца, но како што вели Ковачевски не било лесно да се собере оваа бројка на деца и активно да тренира и игра пингпонг.

Како што вели Ковачевски неговата мисија е што повеќе деца да спортуваат во Берово и Македонија,

ППК Зегин е горд на своите деца, а клубот редовно има свои членови во македонската репрезентација, што е уште една потврда за развојот на овој клуб и колку клубот од Берово дава придонес во репрезентацијата со млади таленти.

Пинг-понг е спорт во кој двајца или четворица играчи удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот. Измислена во Англија во почетокот на 20-тиот век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источноазиските земји. Од 1988 година е прогласен за олимписки спорт во конкуренција за мажи и за жени.

Александар Ванев, М-Нет