Без социјална помош, со маж без рака и болна ќерка, останува од денес Соња Мемедова од Штип

Без социјална помош, со маж без рака и ќерка која боледува од астма и бронхит, останува Соња Мемедова од Штип, откако по 20 години користење, од овој месец и се укинува правото на помош. Тажна со докумет в рака, пред вратите на агенцијата за вработување во градот, таа вели дека добила решение со кое цела наредна година нема да може да користи социјална помоиш, без да и биде објаснета причината. За лекови секој месец се потребни пари кои, како што вели таа, повеќе ги немаат. Со неизвесност пред себе, Мемедова прашува како ќе ги издржат наредните 12 месеци без никаква поддршка, знаејќи дека и самата таа има дијабет и висок крвен притисок.

,,Социјалното ми го сопреа за цела година, еве и со документ, немала сум право да зимам социјална помош. Без никакви причини, значи и момчето се пријавува на шест месеци, врз мене е социјалното јас сум носител и не знам од која причина, зошто ми го скинаа социјалното. Ние сме многу долго време под социјалното, речиси 20 години. Социјалното изнесуваше околу 10.000 денари. Moмчето ми е инвалид со раката, одкината му е, туѓа нега девојчето ми е болно, стално му лекари. Таа има шум на срце, бронхит и асма, со лекови сме. Еве ги на момчето лековите, секој месец ги зимаме значи, терапија прима. Јас сум со шеќер и притисок. Скапи се, се е на приватно, најмалку 50 евра ми одат за лекарства.“, вели Мемедова

Mемедова сега бара да им се овозможи повторно да корсити социјална помош или да и овозможат некакво вработење, за да може да го турка животот со сите проблеми.

,,Плаќам вода, едната белешка ми е платена, другата чека за плаќање, од што ќе платам?

Не ни кажаа ништо, само рекоа да напаравам жалба и да им го однесам. Каде да одиме, ајде од каде примања? Не сме вработени, не можеме да преживееме. Барам да ни пуштат социјално, да одобрат на момчето туѓа нега или да ме вработат, да работам за да можам да си плаќам сметките, лековите да си ги зимаме.“, додава Мемедова

Согласно ситуацијата, М-нет телевизија се обрати до меѓуопштинскиот центар за социјални работи Штип, од каде велат дека, институција која постапува во предметите согласно пропишаните законски прописи , и врз основа на релевантни и точни податоци, превземени од соодветни институции кои се иматели на потребните податоци за остварување и продолжување на правата . Во конкретниот случај ЦСР Штип има постапено согласно ЗСЗ (1) член 33 став 5 (2) , односно е постапено според размена на информација од Агенција за Вработување на РМ .

Иван Митев, М-Нет