Огромен аплауз за „Животот е прекрасен“ во штипскиот театар, претставата ќе се игра и вечерва

Дејство на сцена – театарска претстава или радио станица, со особено внимание на интеркцијата на релација актери – публика. Вака може да се окарактеризира вчерашниот продукт на штипскиот театарски ансамбл. Со пораката „Животот е тежок, ама и прекрасен. Ти одбери што сакаш да гледаш!“ актерите ја поканија публиката, а потоа ѝ претставија театарски спектакл.Тие напоменаа дека подготвиле емотивен тобоган, интроспекција и пародија за на публиката да ѝ претстават сештологија. Каков беше успехот можеше да се види по аплаузот и задоволството на гледачите, кои и директно беа вклучени во драмскиот опус.

Претставата е лабораториски концепт базиран на модерно толкување на „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс. Режисерскиот потпис е на Бојан Трифуновски, според раскази на Филип Ван Дорен и текстот на Џо Лендри. Оние кои ја пропуштија вчеравечер, можат да го погледнат репризното издание вечерва од 20:00 часот во Народниот театар Штип.

Ребека Спасова МНет