
Конкурентите Овче Поле и Победа Валандово под притисок без да погрешат. Во рамки на 20. коло на Трета лига – Исток екипата на Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе како фаворит ќе го пречека Дојранско Езеро. „Овчарите“ не смеат да си дозволат пораз, само три бодови е опција на патот кон првото место односно баражот за Втора лига.
Лидерот Победа Валандово на домашен терен ќе се соочи со Тиверија од Струмица, каде „калинкарите“ под притисок за трите бодови ќе мора да стигнат до трите бодови и со тоа да го сочуваат првото место.
Во рамки на оваа коло екипата на Ударник на домашен терен во Пирава како фаворит ќе го пречека Малеш од Берово, додека пак во Делчево ќе се одигра натпреварот меѓу Брегалница и Карбинци. Тимот од Делчево сака три бодови и потврда на петтото место, а пак Карбинци ќе бара три бодови за да го осигурни шестото место.
Александар Ванев, М-Нет