Кочани ќе бара бодови против Речица, Саса домаќин на новиот шампион Скопје во Македонска Каменица

Натпреварите од 24. коло на Првата женска фудбалска лига ќе се играат во два дена, утре на програмата ќе бидат четири натпревари, а колото ќе се затвори со мечот меѓу Кочани и Речица, кој е закажан за среда (13 мај).

Утре во Македонска Каменица ќе се одигра натпреварот меѓу Каменица Саса и новиот шампион Скопје, меч каде „рударките“ ќе го барат своето 13-то сезонско славје, а пак тимот од Пржино доаѓа по бодови во малото рударско гратче за продолжува на победничката низа.

Во Тетово ќе се одигра дерби меѓу ланскиот шампион Љуботен и Тиверија Брера од Струмица. Мечот е клучен и важен. Тетовскиот тим сака триумф со кој би се борел за третото место, а пак гостинот од Струмица ги сака трите бодови за да може да го потврди второто место.

Истатов на домашен терен ќе се соочи со струшки Ас Јунајтед, во уште еден важен меч каде Истатов ќе мора да слави за да биде во топ три.

Топ Гол на домашен терен ќе се обиде да дојде до само второ сезонско славје и да најде начин како до трите бодови против Вардар со цел да остане во сериозна трка за бараж, бидејќи битолскиот тим е на дното и е на добар пат да испадне во Втора лига.

Колото ќе се затвори со натпреварот меѓу Кочани и Речица, каде ако фудбалерите на Кочани ги освојат трите бодови сигурно ќе играат бараж за опстанок, ако загубат, тогаш ќе продолжи тесната трка меѓу Кочани и Топ Гол за баражот односно да се избегне последното место кое директно води кон Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет