
Утре и во сабота во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш ќе се игра завршницата од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција.
Во првиот полуфинален меч Ѓорче Петров ќе игра против Вардар, додека пак во вториот полуфинален меч ќе се соочат Чаир и Металург Автокоманда.
Финалето е закажано за сабота.
Сабота и недела во Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одигра завршницата од Купот на Македонија во машка конкуренција.
Во првото полуфинале ќе се соочат Вардар и бранителот на трофејот Алкалоид, додека пак во второто полуфинале ќе се соочат Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид.
Финалето е закажано за недела.
Александар Ванев, М-Нет