Успешно заврши втората по ред спортска манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ во Штип со финален натпревар во футсал

Успешно заврши втората по ред спортска манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ во која учество земаа сите училишта од Штип. Денес истата беше затворена со финалниот натпревар во футсал меѓу СОУ „Коле Нехтенин“ и СОУ „Славчо Стојменски“ во финален меч каде екипата на СОУ „Славчо Стојмески“ беше подобра.

„Општина Штип во соработка со соработка со сојузот на училишен спорт на Штип успешно ја реализираше втората по ред манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. Оваа година во „Пролетни денови на училишниот спорт“ се натпреваруваа сите училишта од градот Штип. Во конкуренција на основни училишта се натпреваруваа во одбојка каде што првото место го освои ООУ „Димитар Влахов“, додека во средните училишта се натпреваруваа во футсал. Денеска го проследивме финалниот натпревар помеѓу гимназијата „Славчо Стојменски“ и СОУ „Коле Нехтенин“ победи гимназијата „Славчо Стојменски“ и им честитам победата во „Пролетни денови на училишниот спорт“, вели Зоран Арсов, претседател на сојузот на училишен спорт на Штип, за М Нет телевизија.

Со ова беше затворена оваа сезона, а новата сезона ќе стартува веќе од септември со почетокот на новата учебна година. Претседателот на сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов за М Нет телевизија истакна дека за следната сезона во план се да воведат и други спортски дисциплини.

„Оваа година се натпреварувавме во одбојка и футсал, во наредната година ќе гледаме да вметнеме и некои други дисциплини да ги прошириме сите училишта во поголем број на конкуренција, односно футсал, одбојка, ракомет“, дополно Арсов.

Сојузот на училишен спорт оваа година имаше доста активности, беше организатор на два државни натпревари во борење и ракомет, голем број на натпревари во училишниот спорт, а се вкупно се вклучени околу 1000 натпреварувачи во сите конкуренција.

„Оваа сезона, оваа година сојузот на училишен спорт на Штип имаше доста активности. Организиравме два државни натпревари во борење и ракомет, имавме околу 100 натпревари во училишниот спорт, 25 натпревари во „пролетни денови на училишниот спорт“, имаме во шесто и седмо одделение исто така 30 натпревари. Значи, севкупно се вклучени околу 1000 натпреварувачи во сите конкуренции. Организиравме и осум натпревари од регионален карактер, каде што сите други училишта се натпреваруваа во нашето училиште, така да оваа година бевме доста активни и со доста големи активности“, дополнува Арсов.

Денес беа доделени медалите на најдобрите екипи односно училишта од страна на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Следната сезона ќе започне со почетокот на новата училишна година.

Александар Ванев, М-Нет