Слепите лица и лицата со оштетен вид се еднакви и имаат право на еднаквост помеѓу останатите во опшеството. И секогаш е убаво кога некому ќе му подадете рака и поддршка кога му е најтешко. За да се развесели нечие срце, токму во време на глобална пандемија го направи потегот поетесата за деца и млади и голем хуманист Гордана Симоновска Момироска. Во издание на Здружението „Свет на Различни а Еднакви“- Скопје. Станува збор за прва инклузивна сликовница под наслов „Новогодишна сказна“. Збогатена со Брајов печат пристапна за лица со оштетен вид. Составена од стихувани слики врзани со новогодишен амбиент, свет слеан со детските години и желби. Која е препеана и на албански јазик. Препевот е на поетесата Пунторие Муча Зиба. Рецезент на проектот е писателот Горјан Петревски. Вклучени во печатењето на Брајовото писмо е Тони Пајдоков. Секретар на Здружението за слепи лица во Велес.
Која беше идејата за реализирање на ова издание? Изјавува, Пајдaков
„Кога ме контактираа веднаш прифатив бидејќи, ова издание претставува прва инклузивна сликовница, која е препеана на македонски и албански јазик. Ние ако Здружение сме вклучени во печатењето на Брајовото писмо“. Изјавува, Пајдaков
Вистинска инклузија на Брајовото писмо во една сликовница. Веќе е испечатена оваа сликовница, со вкупно 1000 примероци на македонски јазик и 1000 примероци на албански јазик. Во Велешкото Здружение на слепи лица постои единствената локална библиотека за слепи „Ратко Пајдаков“ која им помага на лица за брз пристап на Брајовото писмо.
„Моментално во нашата библиотека „Ратко Пајдaков“ имаме 47 Брајаови книги и аудио материјали. Секој кој не е во состојба книгата му се носи до адреса на живеење, се разбира со обврска на враќање“. Изјавува, Пајдaков
Инаку, поетесата и истакнат хуманист Гордана Симоновска Момироска, се залага за остварување на законските права на лицата со попреченост. Со оваа сликовница ќе се поздрави детскиот свет и детските желби.
„Прво сакам да ви се заблагодарам за можноста што ме контактиравте. Бидејќи, оваа е ексклузивна вест и претставува инклузивна сликовница и за првпат излегува вакво издание кај нас“. Изјавува, Гордана Симоновска Момироска