
Инвестициите во образовниот систем во Општина Штип, продолжуваат и понатаму, бидејќи младите се иднината во која треба да се вложува и која треба да се унапредува. Со променети прозори, нов под, уредени кабинети, и нови лед светилки со кои се намалува потрошувачката на електрична енергија до 50 %, зголемен фонд на книги во библиотеката денеска се пофали и гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.
„Од Општина Штип се инвестирани околу 6 милиони и 800 илјади денари со цел да се унапредат условите за учење на нашите ученици. Некаде околу 2 милиони и 800 илјади денари ќе бидат инвестирани во спортското игралиште, кое се наоѓа во дворот на гимназијата. Започната е инвестицијата со оградата а ќе се работи и со замена на подот со специјален под. Набавени се образозвни помагала, како смарт табли со LCD проектори проект вреден милион и 400 илјади денари, со што се овозможува комплетна диготална настава“ – истакна градоначалникот Николов.
Ова е од големо значење за самото училиште бидејќи надлежните имаа слух кога се во прашање учениците.
Ковид пандемијата не влијаеше многу врз одвивањето на наставата во Средното општинско училиште „Славчо Стојменски“ Штип. Со доволен број компјутери, и покрај тоа што за прв се соочени со далечинското учење истото не преставуваше проблем. Со бојкот од наставата се соочија само кон крајот кога поддршка добија сите матуранти од државата, но и тоа помина без поголеми проблеми, и моментално се прават плоанови за помош на матурантите за полагање на новиот вид матура со два интерни и два екстерни предмети. Гимназијата во Штип во наредниот период има потреба и се надева на слух од надлежните за промена на кровната реконструкција.
Лаура Стојанова М-Нет