Балканец „најбогат“во Штип, го собра спортскиот денар а останатите клубови реагираат

Пролетниот спортски дел за некои штипски спортски екипи веќе започна а за некои допрва следува. Зимскиот одмор брзо помина е на ред се спортските возбудувања кои го красат животот на многумина спортисти кои зависат или „печалат“ од спортот. Многу штипски клубови некако ја преживуваат спортската година надевајќи се скогаш не некои поволни финансиски ветрови како и навните таленти би дошле до израз. Сите тие со нетрпение ја очекуваат помошта од т.н. спортски денар кој секоја година се доделува на штипските спортски колективи. Годинава најголемиот „колач“ од комисијата за спорт го „лапна“ боречкиот клуб Балканец кој „заработи“ 950.000 спортски денари. Ако се погледне и ранг листата на агенцијата за млади и спорт и на неа Балканец фигурира со нови 700.000 денари. Сето ова покажува дека Балканец е еден од најпривилигуваните екипи во Штип. И сето тоа е во ред, Балканец е бренд, институција, спортски колектив кој некогаш ја пренесел славата на Штип и на Македонија ширум Европа па и во светот. Многубројните пожолтени фотографии од тој период сведочат за големите успеси на борачите на Балканец а неговите витрини се полни со разно – разни трофеи. Мината година им беше јубилејна 60 години од формирањето на клубот. Од комисијата за спорт им беа доделени 900.000 денари за да се прослави тој јубилеј, но поради пандемијата беше одложен и не се ожпрослави. Годинава добија нови 950.000 денари повторно за јубилеј и според програмата. А искрените пријатели на Балканец велат дека веќе неколку сезони нема првенство во борење, нема организирани шампионати или турнири, единствено фигурират младински категории. Реагираат многу спортски клубови, кои годинава беа „извисени“ со изговор – да поднесат нови документи за некои нови финансиски инекции. Еден од таквите клубови е и Кик – бокс клубот Гладијатор за кого тренерот Шенол Асанов вели дека мината година им биле ветени 90.000 денари а добиле САМО 20.000 денари. Годинава ги нема воопшто на списокот ниту на штипската комисија за спорт, ниту на списокот за ваучери на Агенцијата за млади и спорт. Реагираат и други спортски екипи, некои воопшто не сакаат и да ги регистрираат во сопствените федерации, но за нив во некоја друга прилика.Спортската редакција на Мнет ТВ е отворена за соработка со сите спортски екипи кои со своите резултати ги величат своите млади таленти и со своите постигнати врвни резултати ја прославуваат репутацијата на Штип како спортски град а со тоа и на нашата Македонија. Ние ги следиме, ги објавуваме и морално информативно ги пласираме нивните подвизи со цел да продолжат со својата спортска активност и да бидат еднакво застапени кај оние спортски структури на град Штип како дополнителен стимул во извршувањето на поставените спортски задачки. Секогаш сме отворени за сите ваши спортски успеси, но и секогаш отворени за вашите проблеми, недоразбирања па и клучни проблеми.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk