Угостителите ги отворија терасите за посетители, полицискиот час од денеска започнува во 21 часот

Оденеска стапуваат на сила новите ограничувања, односно новите мерки предложени од страна на Комисијата за заразни болести, а на вчерашната седница прифатени од страна на Владата. Утринава угостителските објекти започнаа со работа на терсите односно отворените делови. Топлото и сончево време беше поен плус за штипјани да излезат и да прошетаат, да ги завршат секојдневните обврски, или едноставно да се напијат кафе со пријателите. И екипата на М-Нет телевизија беше на терен. Објективот на нашата камера можеше да забележи раздвиженост низ централното градско подрачје, помладите веќе со резервирано столче го пиеја утринското кафе на сончевото време, но мислењата за тоа колку одлуката е правилна се поделени.

Од денеска полицискиот час е продолжен за еден час, односно истиот ќе започне од 21 часот и ке трае до 5 часот наутро наредниот ден. Ислучок од ова ќе биде во сабота 1 спрема 2 мај кога се празнува големиот христијански празник Велгден кога нема да важат никакви рестрикции, и на 12 спрема 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам. Покрај овие благо олабавени мерки, фитнес клубовите, теретаните остануваат под клуч. Угостителските објекти кои припремаат свадби, крштевки, родендени тоа може да го прават само на отворено. Инаку угостителите три недели беа затворени за угостители. Сега може да работат до 20:30 минути. Не важењето на мерките за Велигден и Рамазан не се однесува на угостителските објекти.

Лаура Стојанова М-Нет