Нови големи успеси на Пинк Пантер во Ниш, штипјани го зголемија водството во Опен Балкан лигата – Олимписки надежи

Боксерите на Пинк Пантер од Штип овој викенд во Ниш, Србија во рамки на шестото коло во Опен Балкан лигата – Олимписки надежи забележаа нови големи резултати, со кои покрај тоа што го задржаа првото место, туку и го зголемија водството со нови два бода.

Сега штипските „пантери“ имаат дури 17 бодови повеќе од второпласираниот тим Констатин од Лозница, а уште посериозна предност и од Топличанин од Прокупље.

Во Ниш победи забележаа Али Расимов и Лазар Димитров, додека пак со порази се соочија Зулфикар Бајрам, Александар Панов, Езел Шабан, кој биле блиску до победа, а загубија и Иса мемедов, Мухамед Мемедо, Марко Чурлиновски и Кристијан Штрков.

„Вчера боксерите на Пинк Пантер на некој начин можам да кажам успешно настапија со остварените две победи го зголемивме водството на табелата каде што сме први во Опен Балкан Купот во категоријата Олимписки надежи. Со претходните 25 и се овие два бодови имаме 27 и ја зголемивме разликата бодовна со што ни останува и гаранција до крајот на последни две кола да издржеме и со тоа уште еднаш да ја освоиме титулата олимписки надежи на Опен Балкан Купот за 2026 година. Остануваат уште две кола, седмото ќе се одржи во Бјелопоље на 8 март, а последното осмо коло ќе биде во Охрид каде што е традиционално секогаш последното коло да се одржи во Охрид“, вели тренерот Петре Чурлиновски.

Пинк Пантер сега е на врвот од 27 бодови на своето конто и со тоа речиси сигурно ќе биде шампион во конкуренцијата Олимписки надежи на две кола до крајот.

Штипските „пантери“ и минатата години шампиони, а годинава исто така се на прагот да го повторат тој успех, за што тренерот Чурлиновски е задоволен со тоа како неговите боксери напредуваат.

„Сетоа тоа се должи на една млада генерација на боксери, која покажува подем во нивниот развој како боксери. Млади боксери, надежни боксери кои даваат резултат од година во година даваат се подобри резултати. Со самото учество со самиот редовен настап го зголемуваат и нивното боксерско искуство што може да сметаме на уште подобри резултати во иднина“, дополнува Чурлиновски.

Пред боксерите на Пинк Пантер се уште две кола, на кои ќе го дадат својот максимум, а со тоа да го продолжат веќе трасираниот шампионски пат.

Александар Ванев, М-Нет