
Велигденскиот пост го чисти телото и делува како природна детоксикација, велат лекарите од Штип. Тие објаснуваат дека не станува збор само за тоа да се откаже човекот од месо и млечни производи, туку и да се јаде паметно и здраво. Со повеќе овошје, зеленчук, житарки и доволно течности, телото се чувствува полесно и поактивно. Лекарите советуваат секој ден да се пијат околу две-три литри вода и да се внимава на сон. Ако се пази на овие работи, велат, постот може да ни донесе и здравствени бенефити.
,,Постот значи чистење и детоксикација на организмот, a не само избегнување на храна од животинско потекло како месо и млечни производи. Секако повеќе за ова духовно како влијае би кажале свештените лица, меѓутоа од медицинска гледна точка и те како има бенефит. Една балансирана и драва исхрана, не секогаш месо и во големи количини. Нашето поднебје изобилува со исхрана која што ги има сите потребни витамини потребни за организмот, меѓутоа овде апел секако би препорачала, има денови кога се внесува риба, според календарот, течности. Внесување на две до три литри течности. Значи детоксикација на организмот, но и сон секако.“, вели Митрова
Во денови кога има строг пост, д-р Митрова вели дека се потребни јаткасти плодови, како и многу зелени салати, со цел да се внесат доволно витамини.
,,Овие масла кои што се потребни можеме да ги земеме преку јаткаститие плодови, значи ореви, бадеми, кои што го имаат истиот состав. Да започнува и пролетта на пазарот се среќаваат зелените салати, марула, пролетна зелка, така да може. Исто така, за оние кои што сакаат млечни производи има и разновидни, кои што немаат животинско потекло.“, додава Митрова
Инаку, постот ќе трае до 12 април, ден недела кога ќе се слави Воскресението Христово, оваа година според типикот на овогодинешните велигденски пости, масло е дозволено само за викенди, масло и вино 2,9,12,25, март, 5,7 и 9 арпил, а риба само на Цветници.
Иван Митев, М-Нет