Нови возила и опрема добија противпожарните единици во Штип, Радовиш, Конче и Неготино, донација од САД

Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема веќе се во рацете на пожарникарите во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како и поголема безбедност за пожарникарите и граѓаните

,,Вашата работа бара вештина, дисциплина и пред се храбропст. Денешната донација овозможена со поддршка на САД, обзебедува возила на спасување, заштитиа на опрема и спејализирана опрема за оптшините Штип, Радовиш, Конче Неготино.“, вели Варнс

Донацијата, особено за Општина Штип има посебно значење. Градоначалникот Јорданов од настанот кажа дека истата доаѓа во вистински момент, имајќи предвид дека наближува и летната сезона.

,,Оваа донација, доаѓа во вистински момент, особено ако се има предвид дека се приближуваме кон летниот период, кога статистички ризикот од од пожари значително се зголемува. Токму затоа секоја инвестиција во подобрување на капацитетите за превенција и интервенција има непроцелива вредност. Особено радува фактот што опфака современи пожарни возила, специјализирана противпожарна опрема, заштитини униформии за интервенции, како и дувалки за справување со шумски пожари.“, кажа Јорданов

Останатите градоначалници од општините Радовиш, Конче, Неготивно, исто истакнаа благодарност за оваа можност, нивните општините добијат возила, со кои ќе се подобри ситуацијата со пожарите.

,,Возилата се и те како д големо значење, од причина што во последните неколку години сведоци сме на големи шумски пожари кои што се случуваат во Р.Македонија.“, кажа Почивалец

Инаку, настанот се одржа во ТППЕ во Штип, а на истиот претставуваа претставниците на општините, како и на протпожарните едници.

Иван Митев, М-Нет