
Денеска на Правниот факултет во Штип се одржа Парламентарниот караван 2026, тоа е иницијатива на Собранието со цел да се доближи работата на законодавниот дом до граѓаните, особено до младите и студентите, преку директна комуникација и запознавање со неговите надлежности. Во рамки на настанот, гости беа пратеници од актуелниот состав на Собранието, кои ќе дискутираат со студентите и ќе одговараат на нивни прашања. Според деканката Билјана Тодорова, изборот на факултетот како домаќин претставува признание за улогата на академската заедница во поттикнување на младинско учество и развој на критичка мисла.
„Госрти на факултетот се парламентарни представници кои што ќе го представат пред студентите начинот на работење на собранието и ќе се вклучат во директна дискусија со студентите, ќе одговараат на нивните прашања. Фактот што сме избрании како домаќин на овој настан е голема потврда за придонесот што го прави академската заедница кон подтикнување на младинското учество и креирање на критичка мисла кај младите.“- Билјана Тодорова, Декан на Правен факултет
Душко Иванов изјави дека присутните активно дискутираа и предложија идеи за измени и дополнувања на одредени закони, што ја направи средбата успешна и продуктивна.
„Оваа година имаме отворени средби со студентите, мене ми е посебна чест дека почнуваме д Штип, почнуваме од Универзитетот „Гоце Делчев“, во организација на парламентарниот институт заедни со УГД, правниот факултет, направивме една средба која што мислам дека помина добро, имаше интерес и од самите студенти и ги интересираше работата на законодавниот дом, начинот на постапката на нови закони, на измени и дополнувања на одредени закони, деловникот за работа во собрание, како се работи во собрание, имаше и идеи за некакви измени и дополнувања на некој закони. Така да можам да заклучам дека една одлична средба со младите, со студентите.“- Душко Иванов, пратеник
„Оваа дискусија и дебата која што е прва ваква, од ваков тип, организирана од Собранието. Драго ми е што таа започна токму денеска, па ќе продолжи во останати осум градови низ државата. Метам дека Штип треба да биде лидер на ваков тип дискусии и дебати, кој што е политички културен, но и историски центар на државата и ми беше драго што можев да споделам нови мислења со младите студенти. Имаше доста добри дискусии, разговаравме за студентското здружување кое што тие го имаат за можностите, да можат што е можно повеќе општествено да се активираат и да го дадат својот максимум во тој дел, дали тоа ќе биде здружување во здруженија на граѓани во политички партии, во нивните студенстки здруженија, секако е важно за подобрување на целокупното општество.“- Благој Бочварски, пратеник
Според пратеникот Благој Бочварски, Штип има потенцијал да биде лидер во вакви дебати како политички, културен и историски центар.
Присутните потенцираа дека ваквиот формат на средби придонесува за градење доверба и подобро разбирање на демократските процеси кај младите. Воедно беше истакнато дека ваквите иницијативи треба да станат редовна пракса со цел да се поттикне поголема граѓанска вклученост и одговорност.
Дајана Сандева, М-Нет