Гужва на последниот петок од Април на штипскиот пазар,најбараната зелката салата

На денешниот пазар во Штип имаше огромна гужва и раздвиженост уште од рано сабајле, при што граѓаните ги разгледуваа речиси сите тезги во потрага по најквалитетните производи по најповолни цени. Продавачите информираат дека цените на дел од зеленчукот се намалени, особено кај брокулата, марулата, кромидот и лукот, додека најголема побарувачка има за зелените производи како морков, лукче и марула. Купувачите велат дека се задоволни, нагласувајќи дека може да се најде поевтина и квалитетна стока, што ја објаснува и зголемената посетеност. Од друга страна, продавачите потенцираат дека цените се реални и дека вложениот труд мора да се вреднува, бидејќи без работа нема ниту евтина храна.

„Си купивме кромидче, мандаринки, цвекенца. Па краставичките и зелката се намалени, парче зелка 30, лкраставичките 50 кило. Задоволна сум.“

„Зеленчук, исклучиво. Секој сака да јаде, кој ќе му даде џабе? Треба да се работи, добро е, не е скапуичко. Никој не работи, секој сака да јаде, па скапо, не може, како скапо? “

Штипјани потенцираат дека, и покрај коментарите дека цените се високи, се благодарни на земјоделците за нивниот труд, нагласувајќи дека без нивното производство, тие од градот не би можеле да се изхрануваат.

„Првин си купив јајца, затоа што на Велигден малку варени, опа сега малку ќе готвиме со другите. Ние во градот, луѓето кој што се од село измачени, иако велат дека се скапи цените на производите, не е тоа скапо, една пакла цигари е 150 денари. Луѓето грешат кој велат дека било скапо. Ако не се селаните ние ќе немаме што да јадеме, првин тие да бидат живи и здрави, па пиосле ние, бидејќи нуие зависиме од нив.“

Продавачите велат дека цените на дел од зеленчукот се намалени, при што најголема побарувачка има за морков, лукче и марула, а се очекува и пристигнување на нов морков со уште пониски цени. Сепак, тие изразуваат загриженост за овошјето, бидејќи утринскиот мраз може сериозно да го намали родот оваа година

„Нови м и се денес само модрите патлиџани, другото ми се стари артикли, цените се овде некаде, можеби и малку намалени. Брокулата е падната од 400, 500 денари, на 250 денари. Марулата е опадната, кромидчето и лукот исто така, значи има намалени цени. Најбарано, зелената работа, морковот кај мене е најбаран од секогаш, лукче, кромидче и марула тоа е најбарано, зелените работи. Наредната недела новиот морков ќе ни стаса, инаку цените ќе бидат поевтини гаранција давам. Сега уште десет дена ќе почнат садењата на отворено. Овошје кај мене имам само десетина дрвца само за мене, сабајлево фати слана, најверојатно и тие ќе отидат. Овошјето катастрофа ќе биде оваа година, сабајлево -2 на нашата нива.“- Раде Ангеловски

Во наредниот период купувачите очекува поголема понуда на свежи земјоделски производи, Зееднички и граѓаните и продавачите се надеваат дека времето ќе оди во прилог, за да има квалитетен род и стабилна сезона.

Дајана Сандева, М-Нет