Новата сезона во Трета лига – Север ќе биде отворена со дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново

На 15. септември ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север со натпреварите од 1. коло.

Веќе е познат распоредот и познати се двојките за првото воведно коло. Сезоната ќе биде отворена со дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, мега дерби на две екипи кои имаат амбиции за влез во Втората лига.

Шкендија е главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига, а од друга страна БВК Коњаре има исто така отворени амбиции и сака да се вмеша сериозно во трката за првото место.

Шампионот Куманово кој не го помина баражот во новата сезона влегува со комплетно изменет лик и со млади играчи, а сезоната ја отвара со гостување кај Аеродром.

Фортуна на домашен терен ќе старува против екипата на Башкими Љуботен, Беса Влазрими ќе биде домаќин на Риниа. Новиот третолигаш Ржаничино ќе игра против екс прволигашот Еуромилк ГЛ кој исто така има амбиции за влез во Втората лига.

Стартот од новата сезона ни го носи дербито на новите третолигаши Њу Старс против Пчиња, екс прволигашот Академија Илинден кој во минатото настапуваше под името Локомотива Пехчево и Кит Го сезона ја започнува против Кадино.

Натпреварите од првото коло стартуваат на 15. септември со почеток од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет