
Младата пливачка Ивона Наумова од Штип на 1. септември ќе настапи на 4. трка во далечинско пливање „Делфин Опен 2024“ на Охридското Езеро на 5. километри.
Наумова продолжува редовно со учество на домашни и меѓународни трки, а претходно како што објави телевизија М Нет, на 11. Меѓународен пливачки митинг „Император Куп 2024“ кој се одржа на Градскиот базен во Битола освои три златни медали на 50 слбоодно, 50 делфин и 100 слободно.
По завршувањето на „Делфин Опен 2024“ во Охрид, Наумова ќе продолжи со учество на други домашни и меѓународни натпревари.
Александар Ванев, М-Нет