Неколку штипјани со осум „фичиња“ утре ќе возат од Штип до Виена

Неколку штипјани со осум фичиња утре ќе возат од Штип до Виена. Според нивниот план, најпрво ќе се упатат до Нови Сад, а потоа Загреб за да накрај пристигнат во Виена, каде ќе учествуваат на прославата 10 години постоење на познатиот клуб за љубители на стари автомобили ,,Застава”. И покрај тоа што патувањето не е евтино, сепак тие за нашата телевизија истакнуваат дека ова хоби не се мери со пари.

,,Новиот старт е да тргнеме од Штип, па потоа за Нови Сад, Загреб и потоа Виена, за да ги посетиме пријателите од Застава клубот, кои што одржуваат 10 години постоење. Има и многу поскапи хоби, но кога навистина го сакате нештото и го правите од срце, не размислувате на трошоци. Одиме по собри, на кафе во чаршија, гледат луѓето атракција. Потоа се прошири да одиме во Аврстрија, Босна, Словенија и т.н.”, рече Неделјков

Патувањето не е само едноставно возење на големи растојанија, туку и сеќавање на старите времиња. Идејата за ова патување произлезгла од желбата да се оживее старата магија на возењето „фиче“, исто како во времето Југославија.

,,Ни текна да направи една идеја, како е било за времето во Југославија, како се возило ова возило и направивме една рута да ги тие неколку места од Вардар до Триглав и до Јадран.”, истакна Каров

Откако по пат ќе го уживаат секој километар, тие ќе ги посетат и пријателите од клубот „Застава“, каде ќе ја прослават оваа важна јубилејна година за клубот. Патувањето има и поголема цел – да се потсетат на старите времиња и да покажат дека љубовта кон автомобилите не познава граници.

Иван Митев, М-Нет