
В недела ќе се игра дербито кое ќе го одлучи шампионот на Втората македонска фудбалска лига, на Градскиот стадион во Штип директна дерби пресметка на лидерот Брегалница и Шкендија Арачиново, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија.
Брегалница со победа ќе го потврди првото место и до крајот ќе игра против Осогово во Кочани и дома со Победа кога и ќе го подигра шампионскиот пехар, од друга страна Шкендија Арачиново во Штип доаѓа по три бодови, на „жешкиот“ терен каде тешко се освојуваат бодови.
Двете екипи имаат фантастична одбрана, но и ефикасен напад, па ќе биде тактика на Влатко Костов и Берат Имери како до трите бодови, ако се земе фактот што статистички екипите се израмнети.
Брегалница е на чекор од Прва лига, а со силна поддршка од верните навивачи ќе оди по својот 21-ви сезонски триумф, а Шкендија Арачиново ќе ја бара 20-тата сезонска победа.
Следете го во живо на М Нет телевизија дербито на колото, дербито кое ќе го одлучи шампионот на Втора лига, дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, недела од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет