
Второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново немаа сили да направат изненадување и нивната авантура во Купот на Македонија завршува во полуфиналето, откако беа поразени од прволигашите Силекс односно Шкендија од Тетово.
Во Кратово екипата на Силекс со 1:0 го доби тимот на Охрид доволно за да обезбеди финале, откако на првото соочување на „Билјанини Извори“ немаше победник двете екипи одиграа 1:1.
Шкендија од Тетово пак со 0:2 славеше над Шкендија Арачиново и обезбеди финале, откако на првиот меч од полуфиналето тетовчани беа подобри со 3:2.
Во големото финале силите ќе ги одберат Силекс и Шкендија, а победникот од Купот ќе обезбеди излез во Европа, односно ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Сооглед на тоа што тимот од Кратово сезоната во Првата лига ќе ја заврши на четвртото место, единствена шанса за излез во Европа ќе им биде да го освојат Купот.
Александар Ванев, М-Нет