Наместо за Охрид, оваа година граѓаните ќе патуваат за Грција и Албанија за иста цена

Наместо за Охрид, за истата сума оваа година граѓани ќе патуваат до Грција и Албанија. Многумина велат дека патувањето до овие дестинации не е многу поскапо од одморот во Охрид, а сепак нудат нешто што езерото не може – морската свежина, брегови и плажи што нудат незаборавно искуство. Сепак, високите цени на патувањата и животните трошоци се голема пречка за голем број граѓани, кои или ќе останат дома, или ќе се одлучат за поблиски и поевтини опции.

И со помалку се може, додаваат граѓаните за М-нет телевизија, ако не може да си дозволат до Грција, сигурно до Дојран би можеле да си овозможат.

Иако високите цени претставуваат предизвик за многу граѓани, сеапк анкетираните остануваат децидни дека секој има можност да најде начин за уживање на летниот одмор. Без разлика дали ќе се одберат далечни дестинации или ќе се остане поблиску до дома, важно е дека и оваа година многумина ќе уживаат во летниот одмор.

Иван Митев, М-Нет