Овошјето се троши како алва на пазарот во Штип, најмногу барани праските и лубениците

Овошјето се троши како алва на пазарот во Штип, најмногу барани сочните праски и лубеници. Граѓаните не штедеа, а свежите производи и нивниот квалитетот ги натераа да купуваат во големи количини. Цените и овој петок како и претходниот, граѓаните велат не е скапо, но месечните примања се слаби. Трговците се задоволни, а атмосферата на пазарот беше жива и енергична, полна со луѓе кои сакаа да го искористат летото на најдобар можен начин – со свежо овошје од локалните производители.

Од побарувачката задоволни и продавачите. Овој петок велат дека производите се трошеа уште рано наутро.

Инаку, овој петок започна да се продава и дињата, која на почеток од сезоната се продаваше по 100 денари за килограм. Намалена беше цената на лубеницата и истата се наогаше по цена од 20 денари за килограм.

Иван Митев, М-Нет