Над илјада граѓани ревакцинирани во салата „Јордан Мијалков“ во Штип денеска

Продолжува ревакцинацијата во салата Јордан Мијалков во Штип. Во просек дневно со термин за ревакцинација се околу 900 лица, пред се повозрасното население и засега се почитува терминот за ревакцинација. Точна дата до кога ќе се врши само ревакцина во вакциналниот пунк во Штип сеуште нема, бидејќи тоа е согласно одлуките на Министерството за здравство. Исклучок за примање прва доза на вакцина се лицата со хронични болести, со трасплатирани органи и слично, истакна заменик координаторот за вакцинација, Иле Постолов.

Одлуката деновиве во салата Јордан Мијалков да се прима само втора доза вакцина од кинески синофарм не се должи на недостаток на вкацини. Има вакцини, но и одлука од Министерството за здравство граѓаните само да се ревакцинираат.

Во меѓувреме лицата кои примиле втора доза на вакцина и беа присутни во салата во Штип без несакани последици. Заменик координатор за вакцинација, др Иле Постолов исто потврди дека досега кај ниту едно лице нема нус појави по вакцината.

Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 278.619 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет