Завршните активности на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип со пролонгиран рок, ќе се гради нов атмосферки канал

Отворена тендераска постапка за фирма која одново ќе треба да го изгради целиот атмосферски канал кој беше во лоша состојба на улица „Панче Караѓозов“ во Штип. Активностите за реконструкција на оваа улица се започнати од претходно, но заради проблем со кои се соочиле крајнот рок за нејзино завршување пролонгиран.

„ Во овој момент се вршат работни активности на ул.„Панче Караѓозов“ каде што ЈП „Исар“ завршува со канализационата мрежа каде што во горниот дел на улицата наидоа на потврда метерија и започнува тендерска постапка за кмпанија која ќе треба да го изгради од ново целиот атмосферски канал“ – истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Со настанатиот проблем, зголемената обемност на работа се зголемуваат и првичните предвидени средства за оваа улица.

Во меѓувреме целосно е завршена улицата „Сутјеска“ во Штип, за која имаше потреба да биде реконструирана и повторно асфалтира и истата е пуштена за сообраќај. Првиот човек на градот под Исарот, Николов посочи дека со вакви големи капитални вложувања Штип се развива брзо како никогаш досега.

Лаура Стојанова М-Нет