Навивачите на Борусија Дортмунд се „цареви“ со големо срце

Корона вирусот продолжува да „владее“ во Европа, покажувајќи ја солидарноста на луѓето, а вистинска лекција за ова можат да дадат едни од најверните навивачи на светот – славните „Јужен ѕид“ на Борусија Дортмунд.

Преку писмо до јавноста тие ги известуваат сите во Дортмунд и во блиската околина дека од утре ќе пружаат „курирски услуги“ на старите и немоќните и тие кои не смеат да излегуваат од своите домови.

Секој ден, од 11 до 17 часот, тие ќе одат во шопинг, ќе ги плаќаат сметките и ќе ги завршуваат сите неопходни работи за постарите фанови кои ќе можат да ги контактираат директно.

Секоја чест, и секако препорака до другите навивачки групи низ цела Европа да го следат овој чин.

Текстот Навивачите на Борусија Дортмунд се „цареви“ со големо срце е превземен од МАКФАКС.