Пирели уништи 1.800 гуми предвидени за Австралиското ГП

Официјалниот снабдувач на пневматици во Формула 1, италијанската компанија Пирели потврди дека поради откажувањето на Ф1 трките, морале да уништат 1.800 гуми.

Австралиското ГП беше откажано неколку часа пред првиот официјален тренинг, што значи дека ниту еден сет гуми не беше искористен. Ова не е новитет во Ф1, бидејќи Пирели секогаш ги уништуваат на пример гумите за дожд ако тие не се искористат во текот на еден викенд.

Гумите за откажаните трки во Бахреин и Виетнам нема да бидат уништени, туку ќе бидат чувани за стартот на сезоната. Шефот на Пирели Моторспорт, Марио Изола тврди дека гумите нема да се фрлат.

„Ги дробиме гумите за да можеме да ги поставиме во помали контејнери и да ги вратиме во Велика Британија, каде што ќе бидат рециклирани во фабриката за цемент во Дидкот, каде што ќе се изгорат на висока температура и ќе се креира енергија, но не и загадување. Подолго време работиме на можноста за рециклирање на гумите, но во моментов вака ги завршуваме работите“, вели Изола.

Текстот Пирели уништи 1.800 гуми предвидени за Австралиското ГП е превземен од МАКФАКС.