Спортски карантински средби: Спортскиот пат на Блажо Петров – Тони од дете на Балканец до граѓанин на Австралија и Океанија (втор дел)

Полни 21 година Блажо Петров мина во Хрватска бранејќи ги боите на Боречкиот клуб Гавриловиќ. Цела една младост одделен од своите најблиски во Штип, од клубските колеги во Балканец Блажо Петров се вложи сиот себе си во напорните тренинзи под будното око на тренерот Владимир Секулиќ и успеа во тоа. Голема мотивација и стимул му беа неговите колеги кои од Балканец заедно со него дојдоа во Гавриловиќ и тоа Симеон Шутев и Драги Панов.Сепак неговите победи беа проследени со овации, навивачите во Петриње го обожаваа бидејќи неговата борба беше секогаш прва и огромна предност за следните негови колеги.Во првиот дел ги напоменавме клубските успеси и поединечните титули во Хрватска а од меѓународните успеси ги издвојуваме четвртите места на Медитеранските игри во Сплит и Алжир, како и вторите места на Европскиот куп во Копенхаген, Данска и во Москва,Русија. Успешната кариера и престој во Хрватска за жал беше прекината поради војната и Блажо Петров заминува во Берн,Швајцарија каде е во улога и на борач и на тренер. И тука и овде во Швајцарија се случи еден редок боречки феномен. Имено во финалето за шампионската титула се сретнаа таткото Блажо и синот Бобан Петров кој имаше тогаш 18 години и за волја на вистината колку е тоа меланхолично, во таа борба победи Блажо Петров кој на свои 44 години стана најдобар борач на Швајцарија.

Четири години престој и вредно вложување во боречкиот спорт не беа доволни за Швајцарските власти да му обезбедат документи и да остане во оваа средина и Блажо беше принуден на повторна селидба. Балгодарејќи на родбинските врски на наговата сопруга, Блажо Петров наоѓа нова и тоа далечна дестинација, во Австралија. Најпрвин во главниот град Камбера и веднаш се нафаќа за работа. И за кратко се докажува,та нели има респектабилен рејтинг и одлична кариера која го трасира во тренер на Австралиската репрезентација во предвечерјето на летните Олимписките игри во Атланта 1996 година и заедно со Украинецот Анатолиј Белоглазов ги обликуваат и вивнуваат првите боречки таленти и нивни резултати. Неговиот немирен дух и волшебната креативност за беспрекорна работа го величи неговиот имиџ за успешен тренер и следуваат најдолемите предизвици во Африканските и Пацифичките земји. Тренерскиот занает го продолжува во Јужна Африка, Брегот на Слоновата коска, по што следуваат Филипини, Гуам, Маршалските острови, Соломонските острови, Нов Зеланд. Во сите тие земји оставил впечатлив белег во развојот и популаризацијата на боречките спортови во сите тие земји.Блажо Петров од сега новиот роден град Сиднеј е познат и признат како еден од најголемите стручњаци во боречките спортови како Кик бокс и нему сличните,исклучително опасни и секако физички напорни . Неговата препознатлива финеса е да ги обучува своите спортисти како да се притаат, да се приближат до противникот и да му зададат удар.

Блажо Петров – Тони живее во Сиднеј, Австралија и слободно можеме да напишеме дека е вистински граѓанин на светот после толку многу години поминати во најразлични места и држави ширум Земјините Меридијани и Напоредници. Стекнал многу познаници, спортски колеги, другари и пријатели, но како што вели во неговото спортско срце секогаш има место за единствениот човек кој што едноставно милува со ведрина, знае да те израдува, развесели и со својата добрина да те изненади. Често пати сме заедно во Сиднеј јас навивам за Челзи а тој Трајче Алексов навива за Ливерпол . Иако сме на различни спортски бранови должини нема лутење, гледаме, уживаме се радуваме заеднички било на победата на едните или на другите.

Трајче Алексов е познат планинар, алпинист, го има „вкусено “ мирисот на Хималаите, другарува и честопати учествува во многу експедиции со најпознатиот светски алпинист Австралиецот Ендрју Лок кој за волја на вистината ги има искачено сите 14 врвови на Хималаите високи над 8000 метри вклучувајќи го и највисокиот Монт Еверест. Со Трајче Алексов во друштво наоѓам душевен мир и спокој во кој неодминлив дел од разговорите се носталгичните навраќања на родниот Штип,на добрите стари времиња, на другарите, на пријателите, роднините и на сите предизвици низ кои тие двајцата поминале, ги пребродиле креирајќи мошне успешни спортски и животни кариери. Квалитетот, успехот на нашите Штипјани, Македонци нека биде репер за некои идни спортисти да тргнат по нивниот спортски пат кој нималку не е лесен, но со желба и силна упорност и те како остварлив.

Драги Герасимов – Пушка