М Нет тренер на 2. коло Прва лига: Александар Васоски тренер на Силекс

Во второто коло од Првата македонска фудбалска лига најубедливата победа беше забележа во Кратово, каде екипата на Силекс со 4:0 славеше висока победа над Брера Струмица.

Во меч со одлична игра, хет-трик на Марко Ѓорѓиевски и контрола над играта во текот на сите 90 минути, во избор на телевизија М Нет тренер на второто коло во Првата македонска фудбалска лига Александар Васоски, шеф на стручниот штаб на Силекс.

Силекс успеа да ја приземји залената Брера, откако во првото коло Силекс загуби со минимални 1:0 во Скопје од Работнички, а пак Брера со 3:1 беше убедлива на Вардар. Во второто коло Силекс прикажа одлична игра, а Брера во целост потфрли со лошата игра.

Во рамки на следното трето коло екипата на Силекс ќе гостува во Битола кај повратникот Пелистер, додека пак Брера Струмица на домашен терен против Шкендија ќе бара рехабилитација после големиот пораз во Кратово.

Александар Ванев, М-Нет