
Од ноќеска е позитивен тестот на корона вирус на 80 годишна штипјанка чија голгота започнала пред повеќе од една недела. Жената патувала во Грција по чие враќање дома останала во домашна самоизолација, по неколку дена почнала да чувствува малаксаност и покачена температура по што се јавила кај матичен лекар од каде и е дијагностициран бронхит. Наредниот ден нејзината состојба се влошила по што со Итна медицинска помош е пренесена во Клиничка болница Штип од каде е препратена на Инфективна клиника во Скопје. На клиника е направено тестирање за Ковид 19 при што тестот е негативен и пациентката е преместена на Клиниката за пулмологија каде останала неколку дена каде што повторно е тестирана и тестот по втор пат е негативен. Пациентката е пуштена од болница, меѓутоа нејзината состојба се влошува истиот ден и таа повторно се јавила во Клиничка болница Штип од каде повторно е препратена во Скопје на Инфективна клиника каде е тестирана по трет пат и тестот е позитивен. Пациентката е во критична состојба. Се шпекулира за поврзаност со позитивниот маж од Штип чиј контакт со вирусот претходно не беше утврден. Останува да лебди прашањето “Колку може да им веруваме на тестовите?” и “Колкав е точниот број на инфицирани?”.