Во Кочани нарушен јавниот ред и мир за време на полициски час

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 19 лица им се издадени Решенија за изолација и едно е во самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 43 контроли над лица во изолација и 275 контроли над лица во самоизолација. Констатирано е едно непочитување на Решение за изолација.

 Забраната за движење не ја почитувале шест лица, истите се приведени и изготвени се шест записници. Поднесени се седум кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 168 објекти.

На 30.03.2020 во 21.15 часот, за време на полицискиот час на градскиот плоштад во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир од страна на З.Н.(37) од Кочани, кој се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. З.Н. бил лишен од слобода и против него ќе бидат поднесенa прекршочна пријава по чл.13 од ЗППЈРМ и кривична пријава по чл.206 од КЗ.