
Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање е можно да се соочат и македонските болници поради кризата во Иран. Од Клиничка болница Штип велат дека проблем има со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Залихите засега се на долна граница, односно има за еден до два месеци. Според добавувачите, и тие немаат залихи бидејќи производителите не работат со полн капацитет. Се очекува кризата да се надмине во наредните еден до два месеци, во спротивно ќе се прави реорганизација меѓу болниците
,,Се чекува од добавувачите ради кризата во Иран што ја има, проблем има со латексовиот материјал што е за изработка на пластични на епрувети, шприцеви и на ракавици и се очекува да имаме некој дефецит. Значи тоа не е некој дефецит по болниците што го има, туку тоа ќе биде дефецит на светско ниво, за сметка на помалото производство на тие продукти што ни требаат на нас. Во моментот проблем очекуван што би можеле да го имаме е проблемот со контрастот. Тоа се контрасните средства за снимање на копјутерни, магнетна резонанца, значи тука залихите ни се на долна граница, но според добавувачите и тие немаат залиха, бидејќи и самиот производител не работи со тој капацитет што е работел порано. Сите болници имаат некој залихи, значи и ние имаме залиха за месец,два и се надеваме таа криза да се преодолее за месец, два, во спортивно ќе правиме некоја реорганизација по другите болници каде што има залиха, а не ги користат.“; кажа Захариев
Директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев, апелира до матичните лекари и специјалистите да се одложат непотребните упати за снимања со контраст. Тој вели дека проблемот со контрастните средства е на светско ниво, но очекува нови количини да пристигнат околу 21 мај
,,Би апелирал до матичните лекари и специјалистите, од тие непотребни ако може да се пролонгира за контрасното да добиват до добавувачите да имаат контрасни средства, тогај нема да има проблем. Неофицијално со добавувачот што во Македонија, што е за контраст се надеваме дека 21 мај да добие, тоа му е и нему ветено од фирмата производител на контрастот што е на светско ниво.“, додава Захраиев.
Од Клиничка болница Штип велат дека залихите на контрастни средства се на минимум и апелираат за рационално користење. Решението на проблемот го очекуваат со пристигнување на нови количини околу 21 мај
Иван Митев, М-Нет