
До септември се очекува да биде ставен во функција новиот Ургентен центар во Клиничката болница Штип, кој ќе ги опслужува пациентите од источниот и југоисточниот регион. Како што потенцира анестезиологот проф. д-р Билијана Ефтимова, центарот ќе биде сместен во приемниот дел на болницата, каде ургентните пациенти најпрво ќе добиваат дијагностика, а потоа ќе бидат третирани каде што е потребно во болницата.
,,Започнавме со процедура, припрема, што треба да се направи, изведувањето каде треба да биде. Тој треба да биде на местото каде што сега е дежурната амбуланта на приемниот дел на болницата. Ќе биде хирушки и интернистички ургентен центар за сите пациенти од источен и југоисточен регион, ќе доаѓаат тука како ургентни пациенти, да бидат сместени првично да се дијагностицираат и псоле тоа да се третираат таму каде што е потребно да бидат третирани во нашата болница.“, рече Ефтимова
Од болницата информираат дека подготовките и процедурите за реализација на проектот веќе се започнати. Активностите ќе се реализираат во текот на летниот период, кога има помал број пациенти и помал притисок врз амбулантите.
,,Ние веќе почнавме со процедурата, се надеваме дека во текот на летниот период кога имаме помалку пациенти, помала гужва за да не бидат оневозможени работите во другите амбуланти во интерес на пациетните, се надеваме дека летото ќе го завршиме, така да од септември, сега да не кажуваме, бидејќи е неблагодарно да се каже период, но се надеваме дека од септември дека веќе ќе почне да биде во функција урегнтниот.“, додава Ефтимова
Кога е во прашање недостигот од анестезиолози во КБ Штип, дежурствата засега се покриваат со помош од лекари од Скопје. Од болницата очекуваат засилување со уште неколку анестезиолози, што би помогнало во надминување на почетниот дефицит на кадар.
„Aнестеолози се тројца, доагаат на помош на дежурство од Скопје и се очекуваат уште тројца вработени, кои што се на специјализација. Имаме двајца кои што се очекуваат септември-октомври да завршат специјалисти и двајца од овие што ги примивме од приватни во нашата болница, за три години. Со овие тројца се надеваме дека ќе го решиме тој почетен дефицит, би било во ред.“, истакна Ефтимова
Инаку, ургентниот центар ќе биде хирушки и интернистички ургентен центар за сите пациенти од источен и југоисточен регион, кои ќе доаѓаат овде како ургентни пациенти
Иван Митев, М-Нет