
Штипската Клиничка болница отвора врата за нови 25 вработувања на неопределено време.
Во тек е оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар.
Се бара медицински персонал од повеќе профили – стоматолог, фармацевт, акушерки, медицински сестри и физиотерапевти.
Голем дел од вработувањата се наменети и за помошен персонал, односно болничари и хигиеничари.
Огласот ќе трае околу десетина дена, по што ќе се чекаат насоки од Министерството за здравство за понатамошната постапка.
,,Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има уште две вработувања наредната недела, значи вкупно ќе имаме 25 одобрувања за вработувања на неопределено, а во моментот се распишани за 23. Тоа се од областа на здравствени работници имам еден дел, од кои што имаме стоматолог, фармацефт, фармацефтски техничар, акушерки ,сестри, физеотерапевти, потоа имаме помошен персонал кај што имаме хиегиничари и болничари поголем дел, значи околу 10 вработувања и следната недела за двајца административни работници исто ќе се распише оглас. Огласот ќе трае точно околу 10 тина дена и потоа ќе чекаме инструкции од министерство за здравство и административниот сектор за понатамошно постапување во врска со огласот.“, вели Захариев
Во Штипската Клиничка болница веќе се прават подготовки за нов оглас за вработувања, кој се очекува да биде распишан наесен.
Како што појаснуваат од болницата, најголем дефицит има од медицински сестри, болничари и хигиеничари, додека бројот на лекари засега е релативно стабилен.
,,Повеќе пати сме кажале значи имаме голем дефецит на кадар. Релативно го ублажува дефециттот, но по завршување на овој оглас, веќе во припрема сме и правиме планови за нов оглас што планираме, некаде околу септември октовмри да може уште еден оглас да распишиме. Ние ќе бараме за околу 30 вработувања, а колку ќе добиеме тоа е веќе со договорања со министерството за финасии и министерство за здравство, ќе видиме колку е, се надеваме на што поголем број. Највеќе што ни фалат се медицински сестри, болничари, хигиеничари. Во моментот тој дефецит со лекари што го имавме е релативно бројката е стабилна. Нели има дефицит, но не е толку прироритетна, бидјеќи во минатата година во 2025 имавме вработување на неопределно со акцијата што беше од министерството за здравство на 18 лекари специјализанти од приватно во државно и на неопределено време имавме уште седум лекари. Значи вкупно 25.“, додава Захариев
Од Клиничката болница во Штип очекуваат со новите вработувања делумно да се ублажи недостигот од кадар во установата.
Во меѓувреме, најавуваат дека ќе продолжат разговорите со Министерството за здравство и Министерството за финансии за одобрување на дополнителни вработувања.
Иван Митев, М-Нет