Млади дизајнери на регионална модна ревија во Дом на млади

Со цел младите уште во текот на средното образование да се насочат кон текстилната професија  која е барана од компаниите, но и да дознаат што значи работа во реални услови во штипскиот дом на млади се организираше атрактивна модна ревија. Денес пет средни училишта од регионот и Универзитетот „ Гоце Делчќев “ Техничко –технолошкиот факултет на иницијатива на Текстилното трговски здружение – Текстилен Кластер – Штип ја презентираа својата креативна фокусираност  преку моделите на младите креатори. Нивните несекојдневни  модели ги презентираа фантазиите на идните штипски модни креатиори кои на овие модни креации гледаат како на своевидни уметнички дела практично надополнети со атрактивноста на маникенките.

Модната ревија насловена како Денови на текстилната индустрија  – промоција на младата генерација, представува само еден сегмент за поттикнување на досега нерегистрираниот  минимален интерес на младите за изучување на тајните на модниот дизајн и вклученост во сферата на текстилното производство. Сепак според одговорните за  академска насоченост на идните генерации постои оптимизам и моменталнмата состојба на текстилно училиште со најмал број на ученици ќе биде надмината. Во тоа веруваат младите кои го работат она што го сакаат  навлегувајки во сепак привлечниот свет на модата.

Македонскиот текстилен кластер преку директното учевство во меѓуграничниот проект именуван како „Модерна текстилна индустрија привлечна за младите генерации и придонесувач кон економскиот развој и социјалниот просперитет на прекуграничниот регион “, ја напомена подготвеноста за понатамошно делување во овој правец на иницијативи. Дали овој проект како почеток на акцијата да се превземе нешто под итно, да се мотивираат младите за изучување на тајните на текстилниот сектор ке значи пополнување на се попразните клупи од текстилното училиште или пак ќе значи продолжување на трендот за упис на се помал број на стиуденти ?

 На колекциите изработени  од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева работеле учениците од  средните текстилни чулишта „Димитар Мирасчиев “„ Ацо Русковски“ од Берово „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица, виничкото средно училиште „ Ванчо Прке“  и „Методи Митевски Брицо“ од Делчево  во соработка со студентите од Технолошко- техничкиот хакултет при УГД. Според директорката на штипското текстилно училиште, годинава се создадени можности  за унапредување на образовниот текстилен сектор со стипендирање и соработка со успешните текстилни компании.

И како што напоменавме  овие модни креации го го симболизираат духот на новото време. На овој начин надлежните се обидуваат  да  обезбедат поголема вработливост на младите кои го завршиле стручно текстилно образование. Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година е овозможено учениците од средните текстилни  стручни школи да ја продолжат практичната настава токму преку вакви модни ревии.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет